Мијалков, Јанакиески, Камчев и останатите излегуваат од Шутка и одат во куќен притвор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со судска одлука од скопскиот Суд 1, од притвор излегуваат Миле Јанскиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати политички и бизнис личности кои во последните два месеци по барање на СЈО завршија во притворското одделение во Шутка, пренесува Судство.мк. Дел од роднините на притворените со кои контактирале од Судство.мк ја потврдуваат веста.

СЈО во средата попладне предложило ублажување на мерката притвор, во куќен притвор, во мислењето што го испратило до двата суда. Според адвокатите, но и извори од СЈО, пуштањето од притвор би требало да почне од денеска, заклучно со 31 декември.

Останува нејасно дали судовите при носењето на одлуките, ќе ги прифатат гаранциите што ги имаа понудено осомничените во „Империја“ и во „Титаник“. Мијалков понуди гаранција од милион евра.

Дел од нив се обвинети во случајот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, додека некои е обвинети за злосторничко здружување, оштетување и повластување доверители, злоупотреба на слубената положба, измама и перење пари. Во истрагата за „Империја“, осомничени се уште осум лица.