Вака вселената со еден потег може да затрупа цела река (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како последица на пад на голем метеорит, во руската Хабаровска област, целосно е затрупано коритот од локалната река.

Поради овој природен инцидент, локалните власти ја разгледуваат потребата за воведување на вонредна состојба.

Судејќи според се, метеоритот бил огромен, кога можел да го покрие коритото на реката со слој висок дури 40 метри. На местото на инцидентот се испратени две екипи. Тие имаат сателитски телефони и дозинометри за утврдување на нивото на радијација. Во Бурејската електрана веќе се забележува намелен доток на вода во вештачкото езеро, а стручњаците веднаш не можеле да ги утврдат причините за тоа.

„Се надевам дека групите ќе стигнат до местото на падот по што ќе добиеме и детални податоци за сè“, изјавил раководителот на регионот Алексеј Маслов.

Според досега достапните податоци, коритото на реката Буреј е затрупано на место оддалечено околу 70 километри од најблиското населено место Чекунда , за што е информиран и министерот за вонредни состојби на Русија.

Според Маслов ако метеоритот го променил текот на водата од реката, можат да бодат предизвикани поплави и тие ќе бидат принудени да прогласат вонредна состојба во оваа област. Во проценката на состојбата е вклучен и сателит од вселената.