Абрамович има план: Го „краде“ Маурисио Покетино


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот голман на Челзи, Марк Шварцер лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека знае за планот на „сините“ да се обидат да го донесат тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Роман Абрамович наводно ќе му понуди на аргентинскиот страгег три пати поголема плата од онаа која ја заработува во Тотенхем.

Конте оваа сезона не успеа да обезбеди пласман во Лига на шампиони, па после натпреварот од ФА Купот јасно е дека ќе замине од „Стенфорд Бриџ“.

„Сините“ веќе се во потрага по нов тренер, па иако се лецитираше со многу имиња, откриено е дека Покетино е главната мета.

Аргентинецот е веќе четири години во Тотенхем и ги води „спарси“ со големи успеси, па се етаблираше како еден од најдобрите тренери во Премиер лигата.

Самиот Покетино изјави дека следната недела ќе,има средба со раководството на Тотенхем и ќе разговара за својата иднина.