Home Шоубизнис Зејн Филипс дебитираше на Бродвеј со мјузиклот „The Fantasticks“ (ФОТО)

Зејн Филипс дебитираше на Бродвеј со мјузиклот „The Fantasticks“ (ФОТО)

Зејн Филипс на бродвејската премиера на The Fantasticks

Зејн Филипс го оствари своето деби на Бродвеј со улога во првата бродвејска поставка на популарниот мјузикл The Fantasticks.

Триесет и двегодишниот актер ѝ е познат на публиката по сериите Loot и The Comeback, како и по филмот Fire Island од 2022 година, во продукција на „Хулу“.

Филипс заедно со колегите од актерската екипа се појави на црвениот тепих на премиерата, одржана во понеделникот, на 16 ноември, во театарот „Хејс“ во Њујорк.

Од премиерата на мјузиклот The Fantasticks

Мјузикл со долга театарска историја

The Fantasticks првпат бил поставен на оф-Бродвеј во 1960 година и се изведувал цели 42 години, до 2002 година. Со тоа станал мјузиклот со најдолг непрекинат период на прикажување во светот. Повторно бил поставен на оф-Бродвеј од 2006 до 2017 година, а сега за првпат стигна и на Бродвеј.

Новата верзија ја раскажува приказната за две момчиња, нивните две мајки и еден лукав план со кој младите треба да се вљубат еден во друг. Во оригиналната поставка, приказната се вртела околу момче, девојка и нивните двајца татковци.

Од премиерата на The Fantasticks во Њујорк

Кој уште е дел од актерската екипа?

Во бродвејската продукција на „Секонд стејџ тиатар“ настапуваат и Максим Хлумецки како момчето Мет, Кевин дел Агила како човекот што умира, Мортимер, и Дејвид Патрик Кели како стариот актер Хенри.

Лесли Родригез Крицер ја игра мајката на Мет, Милдред Хаклби, Нејтан Леви го толкува момчето Луис, а Рути Ен Мајлс е неговата мајка, Беси Меј Беломи. Во улогата на немиот лик настапува Ахмад Симонс.

Пред официјалната премиера на 16 ноември, мјузиклот имаше претпремиерни изведби. Поставката во бродвејскиот театар „Хејс“ е предвидено да се прикажува во ограничен период од 15 недели.

Дејвид Патрик Кели

Дејвид Патрик Кели

Кевин дел Агила

Кевин дел Агила

Максим Хлумецки

Максим Хлумецки


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џон Хам и Ана Осеола: Љубов што започна на снимањето на „Мед мен“ и ги одведе до брак

Улогата на Дон Дрејпер во „Мед мен“ на Џон Хам му донесе награда „Еми“, но и познанство со…