Немања Гудељ вчера го прослави својот 35. роденден, овојпат со нова и особено драга животна улога – татко. Во период исполнет со љубов и семејна среќа, фудбалерот доби емотивна роденденска честитка од сопругата Анастасија Ражнатовиќ, која ја објави на социјалните мрежи.

Нејзините зборови разнежнија многу следбеници и покажаа колку ѝ значи заедничкиот живот што го изградиле.
Овој роденден е посебен и затоа што Немања и Анастасија неодамна го добија синот Илијан, кому сега му е посветено целото нивно внимание.

Анастасија: „Бескрајно сум благодарна што те имам“
Пејачката во честитката напиша колку е благодарна што покрај себе има човек со кого ги споделува најважните животни мигови. За неа, ова несомнено е неговиот најсреќен роденден досега, бидејќи највредниот подарок веќе пристигнал – нивниот син.
„Среќен роденден, љубов на мојот живот. Бескрајно сум благодарна што те имам и за сè што правиш за нашето мало семејство. Не се сомневам дека ова ти е најсреќниот роденден досега, затоа што најубавиот подарок веќе го доби – нашето момче“, напиша Анастасија.
Во продолжението таа ја опиша среќата што ја чувствува во нивното секојдневие, нагласувајќи дека покрај него се чувствува сакано, посебно и заштитено.
„Ти благодарам што секој ден покрај тебе се чувствувам како принцеза и што ми покажуваш како изгледа вистинската љубов и какво е чувството да ја живееш. Бог направи да се сретнеме затоа што знаеше дека најголемата радост и најдлабоката љубов ќе ги доживееме токму преку нашата средба и сето она низ кое ќе поминуваме заедно“, порача пејачката.


Желби за здравје, љубов и уште многу заеднички родендени
Анастасија упати пофални зборови и за неговиот карактер, истакнувајќи колку е среќна што токму таа го дели животот со него. Му посака пред сè здравје и љубов, како и уште многу родендени што ќе ги слават заедно.
„Не постои никој како тебе и сите што имале можност да те запознаат во овој живот се бескрајно среќни поради тоа! Се молам секогаш, пред сè, да бидеш здрав и сакан! За уште многу заеднички родендени! Засекогаш и секогаш, бубиска моја“, ја заврши Анастасија честитката.
По многубројните професионални успеси, Гудељ овој роденден го одбележа и со голема лична радост. Доаѓањето на малиот Илијан отвори ново поглавје во животот што го гради со сопругата, а нивното семејство е во средиштето на оваа прослава.
Извор: Story.rs