Маж наводно бил избоден во вратот за време на забава за Ноќта на вештерките во домот на Џејми Фокс во Калифорнија. Според ТМЗ, кој ја објави веста во неделата, на 8 ноември, на повредениот му била укажана помош поради површинска рана на вратот.
Инцидентот наводно се случил во саботата, на 7 ноември, на годишниот настан „Skvlk Fest“, кој актерот и неговата ќерка Анелиз го организирале во неговата вила во Таузанд Оукс.
Ниту Фокс (58), ниту неговата ќерка досега јавно не се огласиле за наводниот инцидент.
Во неделата, оскаровецот сподели неколку видеа од фестивалот на Инстаграм. „@skvlkfest @anelisefoxx беше 🔥🔥🔥. @djsophia_ повторно растури!!“, напиша тој покрај една од објавите.
Фокс ја има 18-годишната ќерка Анелиз со поранешната партнерка Кристин Гранис. Неговата постара ќерка, Корин Фокс (32), е од врската со Кони Клајн.
Претходно овој месец беше објавено дека актерот го добил своето трето дете, со девојката Алис Хакстеп.
Фокс првпат проговори за тоа дека повторно ќе стане татко во август.
„Со оглед на моите години, малку се двоумев“, изјави тој за Е! њуз, додавајќи дека го променил ставот по разговор со Ал Пачино. Пачино во 2023 година, на 83-годишна возраст, го доби синот Роман, кој сега има три години.
„Но, пред неколку месеци го сретнав Ал Пачино. Му реков: ‘Ал, пак ли ќе чекаш во редот за оставање на децата во училиште?’ И си реков: ‘Е, па тогаш, немам гајле’“, раскажа Фокс.
Ѕвездата на „Back in Action“ неодамна ѝ оддаде признание на Корин за помошта во закрепнувањето по мозочниот удар што го доживеа во 2023 година. Една година подоцна, тој откри дека ударот бил предизвикан од крвавење во мозокот.
Во август, гостувајќи во поткастот „Baby, It’s Keke Palmer“, Фокс ја спореди својата ќерка со Мајкл Корлеоне од „Кум“.
„Во ‘Кум’, Мајкл Корлеоне е излезен со девојката за Божиќ, зема весник и гледа дека татко му е застрелан. Вели: ‘Не пишува дали е жив’, а всушност не ѝ кажува на девојката што чита“, рече Фокс. „Мајкл Корлеоне замина во болницата и ги презеде работите во свои раце. Му рече на еден од луѓето: ‘Тука доаѓаа луѓе што сакаат да му наштетат на татко ми. Ми треба твојата помош’. Токму таква беше таа.“
„Кога разговарав со лекарот, му реков: ‘Слушајте, ги слушам приказните на сите. Сакам од вас да дознаам што се случувало’“, се присети актерот. „Ми рече: ‘Без неа, немаше да бидеш тука’. Затоа си реков: ‘Таа засекогаш ќе биде Мајкл Корлеоне’.“
Фокс додаде дека лекарот му рекол: „Никој не се справува со ова така… Ти лежеше на болничката маса, ТМЗ и разни други луѓе бараа детали, а таа се справи со сето тоа.“
Извор: US Weekly