Летото и модните додатоци имаат посебна врска – онаа лесна, опуштена и малку носталгична, како секоја комбинација да бара своја „сончева завршница“. И токму тука на сцена стапуваат рафија чантите, парчиња кои веќе неколку сезони држат статус на летен фаворит без конкуренција.
Природната текстура, рачно инспирираниот изглед и дозата медитерански шарм ги прават детали кои без труд го подигнуваат секој аутфит. Од утринските обврски во градот до попладневните прошетки покрај обалата, рафија чантите совршено се вклопуваат во ритамот на летото што не познава строги правила, туку само стил и леснотија.
Она што ги издвои е балансот помеѓу естетиката и практичноста – делуваат нежно и елегантно, а во исто време се доволно издржливи за да го следат секојдневниот темпо. Токму затоа стануваат оној тип аксесоари кој не се купува само за една сезона, туку се задржува како постојано летно „go-to“ парче.
Во актуелната понуда на Zara се издвојуваат неколку модели кои го следат популарниот fishermen и coastal aesthetic правец – едноставни, но ефектни, доволно неутрални за да се комбинираат со лежерни дневни комбинации, но и со пософистицирани вечерни аутфити.
Од минималистички варијанти до подетални плетени структури, овие 5 модели покажуваат како еден аксесоар можe без проблем да го „премине“ патот од градскиот асфалт до летните вечери на островот без губиток на стил, и без потреба за компромис.