“`html
Ако постои beauty производ кој за 15 минути може да направи лицето да изгледа одморено, хидрирано и видливо посвеже – тоа се колагенските маски за лице.
Последните сезони станаа незаменлив дел од рутината за нега на кожа на сите кои сакаат брз резултат, ефект на glass skin и таа луксузна блескавост на кожата како по третман.
Иако колаген маските не се магичен анти-ејџ трик кој ги брише годините преку ноќ, тие се фантастичен сојузник кога целта е кожата да изгледа полна, мазна и здрава. Особено се важни пред излегување, значаен настан или кога лицето едноставно треба итен ресет.
Вистина е дека молекулите на колагенот главно остануваат на површината на кожата, но токму таму вршат одлична работа – задржуваат влага, ја омекнуваат текстурата и ѝ даваат на кожата мазен, полн изглед. Кога се комбинираат со хијалуронска киселина, ниацинамид или пептиди, ефектот станува уште подобар.
КАКО ДА ИЗВЛЕЧЕТЕ МАКСИМУМ ОД КОЛАГЕНСКАТА МАСКА?
За најдобар резултат, лицето прво треба добро да се исчисти и нежно да се ексфолира за активните состојки подобро да делуваат. По маската, задолжително нанесете хидратантен крем, а во текот на денот SPF заштита. Сјајот без заштита од сонце трае кратко.
Најдобрите колагенски маски кои вреди да се пробат:
Др.ЏАРТ ХИДРО ФИРМИНГ МАСКА
Култна корејска маска која станува провидна за време на носењето и дава чувство како мини спа третман дома. Длабоко хидрира, ја подобрува еластичноста на кожата и уморниот тен го враќа во живот. Одлична и за чувствителна кожа.
Л’Ореал Париз Ревиталфт Филер Глас Скин Хидрогел Маска
Ако го сакате изгледот на glass skin, ова е вашиот фаворит. Хидрогел текстурата се прилагодува на лицето, ја лади кожата и остава ефект на мазна, блескава и одморна кожа. Совршена пред шминка.
Холика Холика Скин Ресќуе Колаген Маска
Пристапна, ефикасна и одлична за дните кога кожата изгледа безживотно. Хидролизираниот колаген помага лицето да изгледа затегнато, меко и освежено.
Бјути трик кој прави разлика
Чувајте ја маската во фрижидер пред употреба. Студената маска дополнително го намалува отокот, го освежува лицето и го зголемува чувството на луксузен третман.
Заклучок
Колагенските маски не се мит, но не се ни чудо во кесичка. Нивната сила е во инстантниот резултат – даваат на лицето сјај, свежина и негуван изглед кога ви е најпотребно. Ако сакате кожата да изгледа скапо, одморено и блескаво, ова е skincare чекор кој вреди да го имате при рака.
“`