Home Мода и убавина Пилингувај како професионалец: Најдобрите производи за ексфолијација на лице што можеш да ги најдеш во аптека

Пилингувај како професионалец: Најдобрите производи за ексфолијација на лице што можеш да ги најдеш во аптека

Доколку сакате сјајна, мазна кожа без мртви клетки, пилингот е незаменлив чекор во негата на лицето.

Покрај хемиските пилинзи, механичкиот пилинг – односно скраб за лице – обезбедува инстантно освежување и чувство на чистота. Овие производи, со кремаста или гел текстура, содржат ситни микрочестички кои нежно ги отстрануваат мртвите клетки преку блага, пријатна масажа.

Како и со секој пилинг, важно е да се користи скработ умерено – еднаш до двапати неделно е сосема доволно за да се избегнат иритации, црвенило или оштетување на заштитниот слој на кожата, особено ако имате чувствителна или исцрпена кожа.

Како правилно да користите скраб, како професионалец? Нанесете го на чиста и благо навлажнета кожа, и со кружни движења нежно масирајте, без премногу притисок. Избегнувајте ги чувствителните области како околу очите, додека на Т-зоната (чело, нос и брада) може благо да го зголемите притисокот – токму таму најмногу се наталожуваат нечистотии. По една до две минути масажа, темелно исплакнете со млака вода и продолжете со омилената рутина за нега на кожа.

А доколку барате проверен избор, еве неколку наши фаворити:

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…