Home Актуелно Сообраќајна трагедија на патот Кривогаштани – Крушево – загинаа жена и дете

Сообраќајна трагедија на патот Кривогаштани – Крушево – загинаа жена и дете

Жена и дете кои биле сопатници во автомобил, ги загубија животите како последица од тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на местото „Студена вода“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 17 часот, автомобил „алфа ромео“ со прилепска регистрација излетало надвор од коловозот. Со автомобилот управувал триесет и петгодишен жител на прилепското село Канатларци.

По несреќата во прилепската болница биле пренесени триесет и тригодшината жена, која починала во болница, а малолетниот сопатник, иако бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, починал при транспортот.

Возачот и уште двајца малолетни сопатници се здобиле со тешки повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…