Е ова се вика среќа! (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатна сцена беше посведочена на прометна улица во главниот град на Нигерија, Лагос.

Спортскиот авион паднал на сред улица, недалеку од бензинската пумпа, до резервоарот, експлодирал, но за среќа во несреќата нема загинати.

Лесниот авион „Air First Hospitality & Tours Jabiru J430“ летал над прометната област Оба Акран во нигерискиот главен град Лагос, и во еден момент поради условите морал принудно да слета.

И тогаш буквално се случи чудо, пренесува „Дејли мејл“.

Моментот на принудното слетување, кој заврши со паѓање на авионот на прометна улица и експлозија, е снимен на шокантно видео.

Како што може да се види, авионот при обидот да слета на улицата, прво удрил во бандера, а потоа прво паднал со носот на улицата, се превртел и експлодирал.

Во авионот имало две лица, пилот и патник, кои за чудо ја преживеале несреќата, соопшти нигериското биро за безбедносни истраги.