Тежел 340 тони: Во Перу откриени остатоци од досега најтешкото познато животно кое живеело на земјата (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тим од научници во средата открија фосили од раниот кит во Перу наречен Perucetus colossus, кој живеел пред 38-40 милиони години за време на еоценската епоха.

Суштеството што можеби ја надминало масата на синиот кит долго време се сметало за најмасивното животно во историјата.

Истражувачите процениле дека Perucetus бил долг 20-ина метри и тежел до 340 тони, маса што би го надминала секое друго познато животно, вклучувајќи ги и денешниот син кит и најголемите диносауруси.

„Главната карактеристика на ова животно е секако екстремната тежина, што сугерира дека еволуцијата може да генерира организми кои имаат карактеристики што ја надминуваат нашата имагинација“, вели палеонтологот Џовани Бјанучи.

Само неговата скелетна маса била проценета помеѓу 5 и 8 тони, најмалку двапати поголема од синиот кит.