Home Актуелно Полицајци спречиле трагедија запирајќи македонски автобус кој тргнал да премине преку мостот кој се сруши на Морава

Полицајци спречиле трагедија запирајќи македонски автобус кој тргнал да премине преку мостот кој се сруши на Морава

20 минути пред надојдената Западна Морава да го со својата разорна моќ да го сруши мостот што ги поврзува чачанските села Мрчајевце и Слатина, сообраќајната полиција спречи автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај одлуката да се запре сообраќајот преку тој мост, се обиде да го премине на другата страна објави српски Курир.

– Не се знае што ги навело Македонците до тој пат, можно е да следеле лоши навигациски карти, кои одамна не се ажурирани, но доколку автобусот се појавел на и онака небезбедниот мост во моментот кога неговите столбови биле силно еродиран од поројот – тоа би било огромна трагедија пишуваат српските медиуми.

Мостот на Западна Морава рано утринава пред изливот на надојдената река беше целосно уништен поради обилните врнежи што го зафатија Чачак и околината. Поплавите се смируваат, но се уште прават големи проблеми. Припадниците на Цивилната заштита во текот на ноќта работеа на испумпување на водата на каналот за наводнување за да не се излее и да не се поплави населбата Кеј.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…