Бијонсе ги фрлила очилата на концерт – обожавателот кој ги фатилѝ сега ги продава за 20.000 долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тиктокерот познат како Глобал Валентино, инаку обожавател на Бијонсе, дури двапати успеал да фати очила за сонце што пејачката им ги фрлала на фановите во публиката за време на концерт.

Сега 20-годишникот планира да продаде еден пар од нив за 20.000 долари, но неговиот потег не наиде на одобрување од фановите.

Обожавателот ги фатил очилата на Бијонсе на концерт во Лондон на 30 мај, па дури успеал да го долови моментот во сега веќе виралното видео кое собра над 1,5 милиони прегледи на TikTok.

@globalvalentino Replying to @Deandra Black ♬ original sound – Global Valentino🗺

Обожавателите се степаа за очилата за сонце на суперѕвездата, обезбедувањето ги одзеде, а Бијонсе подоцна фрли уште еден пар во толпата.

Обожавателот објасни за New York Post зошто планира да ги продаде очилата на аукција.

„Тоа беше многу тешка одлука за мене како обожавател. Тоа што Бијонсе ми дава два пати очила сигурно ќе останат најубави спомени во мојот живот“, изјави тој.

„Јас сум посветен филмаџија кој реши да ги продаде на аукција очилата за да инвестира во моето семејство и кариера“, објаснил тој.

Валентино ја проценил вредноста на очилата меѓу 12.000 и 20.000 долари и ги продава на страница која продава скапи музички сувенири, како што е поранешниот дом на Џон Ленон.

Некои од фановите луто реагираа на веста и тврдат дека никогаш не би го направиле истото доколку се на негово место.