Home Шоубизнис 9 милиони долари – толку го чинеше Метју Пери да се отрезни

9 милиони долари – толку го чинеше Метју Пери да се отрезни

Актерската ѕвезда од култната „ситком“ серија Friends, Метју Пери, во интервју за Њујорк Тајмс открива колку го чинело да се отрезни.

Интервјуто Пери го даде со цел да ја промовира неговата претстојна биографија „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, а за време на интервјуто откри дека вложил неверојатна сума пари за сопствената трезвеност.

„Веројатно потрошив 9 милиони американски долари или повеќе обидувајќи се да се отрезнам“, проценил актерот, а потоа споделил дека неодамна прославил 18 месеци трезвеност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

За потсетување, актерот неодамна откри дека неговата борба со зависноста во еден момент станала толку тешка, што пред неколку години „за малку ќе умрел“ на 49-годишна возраст кога му пукнало дебелото црево поради прекумерна употреба на наркотици.

Пери, кој се прослави во улогата на Чендлер во „Пријатели“, завршил на, како што рече, гастроинтестинална операција во 2018 година, а сега открива дека всушност поминал две недели во кома и пет месеци во болница и дека морал да користи колостомална торба.

„Лекарите му рекоа на моето семејство дека имам 2 отсто шанси за преживување. Ме ставија на уред наречен ECMO машина, кој дише наместо вашите бели дробови. И се вика Hail Mary. Никој не го преживува тоа”, изјавил актерот за People.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …