Home Спорт Четири црвени картони, промашен пенал, шест гола, пресврт – Шефилд и Блекпул одиграа лудница од натпревар (снимка)

Четири црвени картони, промашен пенал, шест гола, пресврт – Шефилд и Блекпул одиграа лудница од натпревар (снимка)

Викендов, посебно вчера вниманието беше насочено кон неколку дерби средби кои се играа во најсилните првенства, а во сенка на нив во Чемпионшип се одигра еден необичен дуел.

Дуелот помеѓу Шефилд Јунајтед и Блекпул беше преполн со возбудувања, а на крајот заврши со поделба на бодовите (3:3). Шефилд имаше предност од 2:0, за потоа Блекпул да направи пресврт и да поведе со 3:2, но тоа водство не го задржа до крајот.

Голот за реми беше постигнат во 98. минута. Треба да се спомене и дека претходно не беше реализиран пенал. Покрај споменатите шест гола и промашениот пенал, видовме дури четири црвени картони, три од нив за Блекпул и еден за Шефилд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…