Home Вебкафе Пчеларот кој ги чува кралските пчели е задолжен да ги извести пчелите за смртта на кралицата

Пчеларот кој ги чува кралските пчели е задолжен да ги извести пчелите за смртта на кралицата

Еден од малку позабеганите и побизарните адети на британскиот монархизам вели дека во случај на монархот, има протокол во кој кралскиот пчелар треба да оди од кошница до кошница, да им ја соопшти тажната вест на пчелите и притоа да им каже да не се секираат дека ќе имаат друг господар.

Човекот кој последниве 15 години се грижи за пчелите во имотите на Бакингемската и Кристалната палата, досега не бил свесен дека информирање на пчелите за смртта на кралицата е дел од неговите работни задачи.

Се работи за древен монархистички протокол базиран на суеверие дека доколку пчелите не бидат на благ начин информирани за смртта на монархот, ќе го напуштат домот, ќе престанат да произведуваат мед или ќе умрат.

79 годишниот пчелар Џон Чепл прецизно утврдениот ритуал го обавил брзо по официјализирањето на веста за смртта на кралицата Елизабета, а тоа изгледа вака:

Оди од кошница до кошница, тропа на секоја од нив и со шепот им вика:

– Господарката е мртва, но не заминувајте. Новиот господар ќе ви биде добар господар.

По ваквиот брифинг, Чепл ги обвил сандаците со црн флор за и пчелите да покажат почит кон заминатиот монарх.

Е сега, мала фрка во комуникацијата и известувањето до сите пчели е фактот што кога Чепл им ја ширел веста на кралските пчели, во кошниците имало само околу 20.000 пчели а вкупно ги имаат преку милион, само што повеќето тогаш биле на испаша.

Ама па, овие што разбрале веројатно ќе им пренесат на другите што се на работа….

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…