Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешното понеделничко утро во Македонија носи температури кои на места се спуштија до 9-от степен, во Скопје до 14-от степен, а на југоистокот од земјава до 20-от степен.

Според УХМР денеска ќе биде сончево со умерена облачност во текот на претпладнето. Попладне ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието. УВ=6. Месечината е во фаза на полна месечина.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се движат од 19 степени на повисоките места како Маврово и Крушево, до 25 во Скопје и до максималните 28 степени на југоистокот од земјава.

Денеска е 12 септември, 250-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 115 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 9 минути, а ќе зајде во 18 часот и 51 минута.

Денов трае 12 часа и 42 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 20 часот и 4 минути, а ќе зајде во 8 часот и 12 минути.