Home Спорт Мбапе во интервју за Њујорк Тајмс: Парите не беа пресуден фактор за да останам во ПСЖ

Мбапе во интервју за Њујорк Тајмс: Парите не беа пресуден фактор за да останам во ПСЖ

Францускиот напаѓачки ас Килијан Мбапе на средината на мај реши да остане во ПСЖ, иако постоеше голем интерес од Реал Мадрид, а претседателот Флорентино Перез наводно и лично разговарач со играчот.

Напаѓачот реши да остане во Париз и потпиша договор до 2025 година, со плата од еден милион евра неделно, а за бонус за потпис на соработката доби 100 милиони евра.

Мбапе даде интервју за „Њујорк Тајмс“ во кое зборуваше за различни теми, а една од нив е дали парите биле пресудни да остане во Париз.

„Не беа пресудни затоа што каде и да добро ќе заработам“, кажа Мбапе.

Французинот потврди и дека во преговорите бил вклучен и претседателот на државата, Емануел Макрон, а на крај даде коментар и за Реал.

„Сонот за Реал Мадрид? Никогаш не се знае што ќе се случи во иднина“, кажа Мбапе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…