Home Шоубизнис Верати ограбен на Ибица – крадците го „олесниле“ за 3 милиони евра

Верати ограбен на Ибица – крадците го „олесниле“ за 3 милиони евра

Голем дел од славните фудбалски фаци летниот одмор оваа година одлучија да го поминат на Ибица.

Така популарната дестинација ова лето се одлучија да ја посетат Роналдо, Меси, Суарез, Влаховиќ и други. Еден од оние кои престојуваше на Ибица беше и Марко Верати. Овој одмор Италијанецот нема да го памети по добро затоа што бил мета на грабеж.

Имено, крадци влегле во вилата, инаку сопственост на славниот Луис Назарио Роналдо, во која Верати го поминувал одморот и според информациите на Шпанците го „олесниле“ за вредност околу три милиони евра. Освен што украле пари, украдена била и голема количина накит и уште некои вредни предменти.

Грабежот се случил во текот на вчерашниот ден додека Верати и неговото семејство не биле во вилата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

„The Lowdown“ Сезона 2: Време на премиера, како да гледате без кабел и распоред на епизоди

Итан Хок се враќа за втората сезона на „The Lowdown“, а гледачите можат да започнат со две…