Home Актуелно „Варварски напад“ – така светот со револт го карактеризира рускиот напад на полниот трговски центар во Кременчук

„Варварски напад“ – така светот со револт го карактеризира рускиот напад на полниот трговски центар во Кременчук

Лидерите на седумте најмоќни и најразвиени држави во светот (фамозните Г-7) се заканија дека рускиот претседател Владимир Путин и одговорните за нападот во Кременчук ќе одговараат за злосторството.

„Неселективни напади врз невини цивили претставува воено злосторство“, соопштија тие, осудувајќи го „грозниот напад“.

Украина ја обвини Русија дека намерно таргетира цивили, а претседателот Володимир Зеленски го нарече „еден од најбесрамните терористички акти во европската историја“.

„Мирен град, обичен трговски центар – жени, деца и обични цивили во него“, рече Зеленски.

Гувернерот на регионот Полтава, каде што е лоциран Кременчук, соопшти дека 18 луѓе загинале во нападот. Најмалку 59 биле повредени, соопштија спасувачките служби.

Русија демантираше дека го нападнала трговскиот центар, туку тврди дека таргетирала магацин за американско и европско оружје во непосредна близина. Оганот од тој магацин потоа се проширил на трговскиот центар, тврди Москва.

Во друг напад во понеделникот, од руски ракети загинаа најмалку осум цивили додека чекале за вода во градот Лисичанск. Овој град е новиот фокус на руската офанзива на истокот на земјата, откако претходно беше освоен Северодоњецк кој е веднаш спроти него.

Дипломатски извори потврдија дека Украина побарала седница на Советот за безбедност на ОН, каде Русија има право на вето, но не може да ги спречи дискусиите за инвазијата.

Лидерите на Г7 од самитот порачаа дека ќе продолжат да ѝ даваат помош и поддршка на Украина, додека истовремено ги засилуваат економските санкции кон Москва. Во Групата членуваат САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. Од германскиот Елмау, лидерите се селат во Мадрид на самит на НАТО.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…