Home Шоубизнис Адел убедливо триумфираше на овогодинешните „Брит Авордс“

Адел убедливо триумфираше на овогодинешните „Брит Авордс“

Славната британска пејачка, Адел, која доминира на светските топ-листи, ги освои првите три награди на овогодинешното издание на „Брит авордс“ кое се одржа во вторникот, а кое беше прво безродово издание на британските музички награди.

Ова беше првпат во историјата на годишните награди на британската поп-музика да нема родови поделби во категориите.

Поп-дивата родена во Лондон, или кралицата на Британците, како што ја нарече водителот Мо Гилиган, ја доби првата награда на вечерта Песна на годината за нејзиниот хит-сингл Easy on Me.

Песната е од нејзиниот најнов албум „30“, аудиозапис за кој Адел изјави дека го направила за да му помогне на својот деветгодишен син да сфати зошто се развела од татко му. „30“ воедно е и албум на годината.

„Би сакала да му ја посветам оваа награда на мојот син, и на Сајмон, на неговиот татко. Овој албум беше целото наше патување, не само мое“, рече насолзената Адел, мислејќи на својот поранешен сопруг Сајмон Конецки.

33-годишната пејачка и текстописец, исто така, ја освои наградата Уметник на годината, сега веќе без родова категорија во која беа номинирани и раперите Литл Симз и Дејв, како и Ед Ширан и Сем Фендер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Глеб Савченко ја обвинува поранешната сопруга дека ќерката, 15, ја терала да зема апчиња за слабеење

Танчерот од "Dancing With the Stars", Глеб Савченко, изразува загриженост за благосостојба…