Џеј Ло на насловна од Ролинг Стоун со деколте до под папок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Славната латино дива Џенифер Лопез активно и посветено работи на промоцијата на нејзиниот нов филм „Marry Me“, а паралелно со тоа со месеци е во центарот на вниманието на јавноста и поради обновената романса со Бен Афлек.

Оваа комбинација од публицитет веројатно беше доволно примамлива за Џеј Ло да осамне на насловната страница на мартовскиот број на култниот магазин „Rolling Stone“. На фотките направени за потребите на списанието Лопез изгледа неверојатно секси и подобро од кога било. Дополнителна провокација е ултрадлабокото деколте кое ја открива нејзината предница до под папок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Во интервју за списанието Џеј Ло, се присетила на периодот од раните 2000-ти, кога за прв пат била со нејзиниот сегашен партнер, холивудскиот актер Бен Афлек. Таа истакнала дека тогаш се соочиле со остри критики од јавноста, па дури и со расистички коментари. Таа тврди дека ги игнорирала до моментот кога тоа станало невозможно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)