Уапсен брачен пар кој во 2016 година украле биткоини во денешна вредност од 4,5 милијарди долари – вратени и биткоините


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Њујоршкиот брачен пар Иља Лихтенштајн и Хедер Морган се уапсени и обвинети за кражба на 4,5 милијарди долари во криптовалути.

Полицијата запленила 3,6 милијарди долари од овие средства во акција која според обвинителот Лиса Монако е „најголемата финансиска заплена во историјата на службата“.

34-годишниот Лихтенштајн и 31-годишната Морган, се обвинети за перење пари одземени по големо хакирање на берзата за криптовалути Битфинекс во 2016 година. Брачниот пар се соочува со казна од максимални 25 години затвор.

Запленети биле повеќе од 94.000 биткоини, украдени во 2016 година, кои денес вредат 3,6 милијарди долари.

Според судските документи, хакерот кој навлегол во системите на Битфинекс направил 2.000 трансакции и испратил 119.754 украдени биткоини на дигиталниот паричник кој бил во сопственост на Лихтенштајн. Потоа, во последниве пет години, околу 25.000 од овие биткоини биле префрлени од „паричникот“ на Лихтенштајн преку серија на комплицирани трансакции кои требало да ја скријат трагата дека овие средства биле украдени од берзата.

Сепак истражувачите успеале да го следат движењето на криптовалутите на блокчејнот, што претставува постојан електронски запис на секоја активност кога криптовалутата се префрла од еден во друг дигитален паричник. Овие средства најпосле биле ставани на сметки кои биле во сопственост на Лихтенштајн и Морган, кои потоа ги користеле за купување на злато, уникатни токени и купони од Валмарт супермаркетите.

Парите биле украдени на берза во 2016 година, а дури сега се запленети и вратени назад од американското Министерство за правда. Ова е веројатно најголема заплена на украден биткоин во светот до сега, пишува Би-Би-Си. Две лица досега се уапсени.

Биткоините вределе 71 милион долари кога биле „собрани“ од берзата БитФинекс, но за минатите 6 години нивната сума пораснала до неверојатни 4,5 милијарди. Помошникот јавен обвинител Кенет Полит Јуниор рече дека заплената е доказ дека владата „нема да дозволи криптовалутите да бидат безбедно засолниште за перење пари или зона на беззаконие во нашиот финансиски систем“.

Во истрагата беа вклучени четири американски гради, но и истражители од градот Ансбах во Германија. Се јавија и од берзата БитФинекс. Тие се „задоволни“ што украдените средства се обновени. Сопружниците Лихтенштајн и Морган, како и да се нивните вистински имиња, вчера за првпат се појавија пред судот во САД поради заговор за измама и за перење пари.