Home Актуелно Повторно гореа бараки во Градски парк во Скопје

Повторно гореа бараки во Градски парк во Скопје

Вечерва, во скопскиот Градски парк, избувна пожар избувна во кој гореа бараки во близина на стадионот кои се наоѓаат кај ресторанот „Томче Софка“.

Од противпожарната бригада велат дека пожарот е локализиран и веќе има екипи на терен кои се справуваат со огнената стихија, а засега не се познати причините за пожарот. На терен излегле шест противпожарни возила и 19 пожарникари.

Ова е втор пожар во овие бараки за само неколку месеци, откако на 26 октомври се запалија старите судски бараки, кога беше направена материјална штета токму на ресторанот „Томче Софка“, но и на салата Партизан.

Видео: Телма

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…