Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Римејкот на филмот West Side Story, режиран од Стивен Спилберг, беше прогласен за најдобар мјузикл или комедија на приватното доделување на Златни глобуси, објавија организаторите на својата веб-страница.
Музичката ѕвезда Рејчел Зеглер е наградена за најдобра актерка во мјузикл или комедија. Аријана ДеБоз го освои Златниот глобус за најдобра споредна женска улога.
Холивудската асоцијација на странски новинари (HFPA), која ги организира Златните глобуси, ја избра Моќта на кучето за најдобра драма, додека Никол Кидман доби Златен глобус за најдобра актерка во драмата Being the Ricardos.
Златен глобус за најдобар актер во драма му припадна на Вил Смит за улогата во Кралот Ричард, додека наградата за најдобар актер во мјузикл или комедија му припадна на Ендрју Гарфилд за неговата улога во „Тик, Тик … БУМ“.
Златниот глобус за најдобра режија и припадна на Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“, додека јапонскиот „Drive My Car“ беше избран за најдобар странски филм.
Покрај тоа, 77-годишниот актер О Јеонг влезе во историјата со освојувањето на Златниот глобус за најдобар спореден лик во популарната серија на Нетфликс, Squid Game.
Актерите, режисерите и филмските студија оваа година главно го игнорираа доделувањето на Златните глобуси, по критиките во 2021 година дека неговите организатори работеле со сомнителни етички политики и без црни членови. Ен-Би-Си, кој долго време го пренесува настанот, одлучиле да не го емитуваат овогодинешното доделување на наградите.
HFPA, која го прошири и диверзифицира своето членство и ја ревидира својата практика, ги објави своите избори на церемонија зад затворени врати во Беверли Хилс. Добитниците беа објавени на јавноста преку социјалните мрежи и на веб-страницата на Златниот глобус.
Златниот глобус привлекува милиони ТВ гледачи, кои го следат доаѓањето на филмските ѕвезди на црвениот тепих и вечерата која создава гламурозно, но неформално чувство во споредба со Оскарите, најпочитуваните филмски награди во индустријата.