Home Актуелно Прифатена гаранцијата од речиси 11 милиони евра – Камчев излегува од притвор

Прифатена гаранцијата од речиси 11 милиони евра – Камчев излегува од притвор

Бизнисменот Орце Камчев во текот на оваа вечер ќе излезе на слобода, бидејќи Апелација му го укина притворот. Кривичниот совет на Апелација одлучи да ја прифати гаранцијата од скоро 11 милиони евра, а судот ќе му го задржи пасошот на Камчев.

-На притворениот му е уважена жалбата, решението е преиначено, односно прифатена е гаранцијата и укината е мерката притвор, ни одговорија од Апелација.

Тој новогодишната ноќ ја дочека во болницата “Систина” и се уште се наоѓа таму, поради што на слобода ќе излезе од болницата.

Два дена пред Нова Година на слобода излезе и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

И Камчев и Мијалков беа во притвор за предметот “Плацевите на Водно”, односно за тајниот имот на екс премиерот Никола Груевски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…