Home Актуелно Сончев и студен вторник

Сончев и студен вторник

Денешниот ден, вторник, 21. декември, во Македонија носи сончево и студено време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и студено со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 6 степени.

Маврово -4, Охрид 3, Битола 2, Крива Паланка 1, Берово 0, Кавадарци 7, Дојран 9 степени.
До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено во среда и четврток кога на места ќе се спуштаат и под минус 10 степени. Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…