Home Актуелно Другите три автобуси кои заедно со изгорениот се враќале од Истанбул се вратени во Македонија

Другите три автобуси кои заедно со изгорениот се враќале од Истанбул се вратени во Македонија

Трите македонски автобуси, кои заедно со опожарениот автобус во кој изгореа 46 лица, а кои превезувале патници од Истанбул за Скопје, рано утрово околу 4 часот го минале граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир и веќе се во Македонија, потврдиле службеници од овој граничен премин за Бугарското национално радио (БНР).

Граничари од Ѓуешево за БНР велат дека автопревозникот „Беса транс“ редовно организира екскурзии до Истанбул, особено за време на празници во Македонија, а нагласиле и дека тие најчесто патуваат ноќе.

До несреќата на бугарскиот автопат Струма дојде ноќеска околу 2:30 часот кога автобусот удрил во заштитната ограда, по што се запалил. Најмалку 45 патници загинале, а седум преживеале и тие се во стабилна состојба во болница во Софија.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…