Актуелно

Седумте преживеани патници од автобуската трагедија се во стабилна состојба – се спасиле кршејќи прозорец и скокнале низ него

Здравствената состојба на седумтемина преживеани патници од автобуската трагедија со македонскиот автобус во Бугарија е стабилна и тие се хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Дел од нив имаат исекотини, бидејќи ги кршеле прозорците и скокале од задниот дел на автобусот, а еден од преживеаните имал скршеници, пренесува Гласот на Америка.

По посетата на болницата заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Филипче истакна дека само еден пациент е со скрешница поради што треба да се направат дополнителни анализи и да се утврди дали ќе биде потребен хируршки зафат.

„Ги посетивме пациентите. Станува збор за полесни повреди, санирани од нашите колеги за што сакам да изразам благодарност. Се договоривме да бидеме во контакт овие денови за по целосното стабилизирање на состојбата, пациентите да ги префрлиме на третман во Скопје, изјави Филипче.

Според него, меѓу настрадините има повеќе членови на едно семејство од кои најмладиот е девојка на возраст од 16 години, а сите други се постари меѓу 40 – 50 години.

Премиерот Зоран Заев, пак, изрази жалење за страотната несреќа. Тој рече дека патниците во автобусот биле од различни градови од Македонија.

„Од повеќе места се и од различни националности. Има еден граѓанин од Прешево кој бил со вереницата од Куманово и едно лице со белгиско државјанство“, рече Заев.

Премиерот додаде дека разговарал со еден од преѓивеаните кој му каѓал дека имало силна експлозија и дека тој седел во задниот дел на автобусот, успеалда го скрши прозорецот и заедно со неколкумина да скокнат и да се спасат.

„Имав прилика да разговарам со еден од преживеаните. Тој објасни дека спиеле во автобусот која се слушнала силна експлозија. Успеале да скршат еден од прозорците и да се спасат неколку луѓе. За жал, другите не успеале. Се работи за страшна трагедија заради тоа што најмногу се деца – 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години“, рече премиерот Заев.

А автобусот е на превозникот „Беса Транс“ од Скопје, компанија која редовно сообраќа на линијата Скопје – Истанбул – Скопје. Она што е познато е дека вчера оваа компанија превезувала патници кон Скопје со четири автобуси. Трагедијата се случија на четвриот последен автобудс.

Како дошло до трагедијата сеуште не е познато. Според првичните официјални информации од бугарските истражни органи, автобусот удрил во десната банкина, оштетил над 70 метри од неа и потоа прешол од другатастрана на автопатот и удрил во левата банкина. Дали ексползијата се случијжла пред или по ударот допрва ќе се утврдува. Клучно за тежината на катастрофата е што вратите од автобусот не биле отворени а тоа го потврдил увидот. Дали инсталацијата била отштетена или пак возачот веќе настрадан нема одговор. Нема информација и дали во автобусот имало и втор возач, нешто што е задолжително за сите компании.

Трагедијата се случи околу 3 часот наутро кај селото Бошнек на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија а во не ансатрадаа 45 лица, 12 се деца помлади од 18 години а меѓу нив има и двајца близнаци.

Поради тешката сообраќајна несреќа на 31-от километар од автопатот „Струма“ во правец од Софија кон Благоевград, автопатот ќе остане затворен во текот на целиот ден.

Во Бугарија досега не се памети поголема автобуска несреќа. Бугарските медиуми пренесуваат дека во 1996 година имало автобуска несреќа, загинале 16 луѓе, кога не бил изграден автопатот.

To Top