Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Македонскиот премиер Зоран Заев, кој заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, е заминат за Софија каде ноќеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа најмалку 45 лица, за МИА изјави дека разговарал со еден од преживеаните кој го информирал за трагедијата.
– Во контакт сум со премиерот Стефан Јанев кој веќе ги посети луѓето. Имав прилика да разговарам со еден од преживеаните. Тој објасни дека спиеле во автобусот која се слушнала силна експлозија. Успеале да скршат еден од прозорците и да се спасат неколку луѓе. За жал, другите не успеале. Се работи за страшна трагедија заради тоа што најмногу се деца – 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години. Најголем дел се наши граѓани, но има и од Србија, изјави Заев за МИА.
Веројатно, како што рече, се враќале од екскурзија, но сепак деталите за ова дополнително ќе се утврдат.
– Сè уште не ги знаеме сите информации бидејќи насочени сме кон преживеаните, да видиме дали се добри, дали некој е во животна опасност. Ќе ги дознаеме првичните информации од бугарските служби, а потоа ќе се утврди кои биле дестинациите од кои се враќале, како и сите преостанати детали, вели Заев во изјавата за МИА.