Облачен и сив вторник со повремени врнежи од дожд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 8 до 15 степени.

Во Скопје слично време со максимална дневна температура до 10 степени.

Метеоролозите за утре најавуваат претпладне облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец, попладне облачноста ќе се намалува.