Home Актуелно Облачен вторник

Облачен вторник

Денеска, вторник, 16. ноември, времето во Македонија претпладне ќе биде умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на магла. Попладне облачноста делумно ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 13 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид, Битола и Берово 11, Крива Паланка 12, Кавадарци 14, Дојран 15 степени.

И утре времето петпладне ќе биде умерено облачно со појава на магла по котлините, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 9 до 15 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…