Home Актуелно БЕСА го исклучи Кастриот Реџепи од партиското членство

БЕСА го исклучи Кастриот Реџепи од партиското членство

Лидерот на Беса, Биљал Касами, објави дека партијата го исклучила пратеникот Кастриот Реџепи, кој вчера не се појави на собраниската седница за недоверба на владата.

„Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот нa Реџепи, кој не се појави во Собранието пред неколку дена да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата и сериозно го наруши и престижот на партијата, јас го исклучувам споменатиот член од сите партиски функции и како член“, објави Касами на фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…