Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и неговите двајца заменици министри си поднесоа оставка од функциите поради морални причини.
Хоџа, кој е и генерален секретар на Движењето „Беса“ вели дека ја реализира оставката што ја најави од претходно, поради нарушување на демократијата на локалните избори од страна на нивниот досегашен коалиционен партнер ДУИ.
„ Со поендинии кои се внатре во владата преттавници на ДУИ кои се обидуават на секој чекор да направат сопки и да ја заробат државата ние не можеем да бидеме, за господинот Заев сме кажале дека ние го почитуваме направил и вложил многу за еу процесите беса сдсм и другите партии кои ги деалт овие заложби стојат на тоа. Во моментов не е загорзен еу патот тоа го гарантираме, во моментот во државата е загозена демократијата од страна на ДУИ, ДУИ реално треба да се реформира а тоа почнува од опозиција“, рече Хоџа.
ОД МВР поплднево известија дека пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи, кој вчера не се појави на собраниската седница своеволно дошол во полициска станица и дал изјава дека синоќешната пријава од лидерот на БЕСА Билал Касами дека тој е исчезнат е невистинита, туку самоволно без никаков притисок со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзан со собраниската седница. Од партијата БЕСА претходно се изјаснија дека ќе преземат мерки доколку се утврди велат дека
„Ние пак оставаме простор да се врати самиот реџепи од таму кај што е или не знаеме ни ние каде е да каже што точмјо се случило и нормално ако тоа е личен индивудуален став тоа не е став на партијата и ќе се преземат соодветните емрки од страна на партијата“, рече Хоџа
Реџепи утринава преку Фејсбук статус се изјасни дека во понеделник ќе се појави пред новинарите. Тој ја повика неговата партија, Движењето БЕСА, да не презема избрзани чекори кои ќе ги оштетат партиските структури и активисти.