Home Спорт Манчестер успеа да направи пресврт на домашен терен против Аталанта – Роналдо го постигна победничкиот гол (снимка)

Манчестер успеа да направи пресврт на домашен терен против Аталанта – Роналдо го постигна победничкиот гол (снимка)

Од два гола негатива и резултат 0:2 со кој губеше во првото полувреме, Манчестер јунајтед се врати во живот и со голем пресврт ја совлада Аталантна со 3-2. Победничкиот погодок беше дело на Кристијано Роналдо.

Манчестер јунајтед одигра второ полувреме кое ќе му донесе привремен мир на Оле Гунар Солшер. Но почетокот на мечот не изгледаше така.

Аталанта поведе со гол на Пашалиќ во 15. минута, а Демирал во 29. минута реализираше со глава за водство од 2-0 на Олд Трафорд.

Манчестер јунајтед изгледаше изгубен по првото полувреме, но во второто како да излезе друг тим, притиснаа веднаш и резултатот почна да се поправа.

Најпрво Рашфорд погоди во 53. минута и го врати Манчестер јунајтед во игра.

Во 75. минута Мегваер се најде осамен во шеснаесетникот и реализираше за израмнување на 2-2.

А шест минути подоцна по центаршут од Лук Шо, Кристијано Роналдо само се поклони, ја удри топката со глава и погоди за комплетен пресврт и победа од 3-2.

Во оваа група Виљареал со 4-1 славеше на гостувањето кај Јанг Бојс. Морено даде два гола, по еден реализираа Пино и Чукавезе. Елиа погоди за швајцарскиот тим.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…