Home Вебкафе АХВ нареди повлекување на сладоледите „Кит-Кет“ и „Милка“ во Македонија заради зголемено присуство на етилен оксид

АХВ нареди повлекување на сладоледите „Кит-Кет“ и „Милка“ во Македонија заради зголемено присуство на етилен оксид

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде наредба за итно повлекување и отповикување на небезбедни сладоледи поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид. Увозникот и дистрибутер Алма М треба е обврзан веднаш да постапи по издаденото решение од Агенцијата.

Од пазарот, како што информира АХВ, се повлекуваат и отповикуваат сладолед „Кит-кет“ стапче 20х90 мл со сериски број/лот- PL1048 и рок на употреба до 28.02.2023, со потекло од Франција.

„Причина за отповикување е небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето“, велат од АХВ.

Заради истата причина се повлекува и сладолед „Милка“ ванила и чоколадо стапче 20х100 мл со сериски број/лот:MI1118, MI1119 и рок на употреба до 30.04.2023, по потекло од Полска, како и сладолед „Милка“ чоколадно стапче со лешник 20х100 мл со сериски број/лот:MI1117 и рок на употреба до 30.04.2023, со потекло исто така од Полска, чиј увозник е Алма М.

„Горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ се затекнати во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет. Апелираме крајните потрошувачи, кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, да не ги консумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле, или да ги уништат“, велат од АХВ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зачини што го забрзуваат метаболизмот

Зачини што ќе го забрзаат вашиот метаболизам Вистинските зачини не само што ќе го подобрат…