Home Актуелно Над 70 загинати и 1.234 уапсени во нередите во Јужна Африка

Над 70 загинати и 1.234 уапсени во нередите во Јужна Африка

Бројот на жртви во немирите во Јужноафриканската Република се искачи на 72, додека беа уапсени 1.234 лица, соопшти полицијата.

Полицијата и армијата се обидуваат да ги запрат немирите во сиромашните области на двете провинции, кои избувнаа минатата недела по апсењето на поранешниот претседател Џејкоб Зума.

Многу смртни случаи во провинциите Гаутенг и Квазулу-Натал се резултат на хаотично стампедо кое настана кога многу луѓе краделе храна, електрични апарати, пијалоци и облека од продавниците.

Насилството избувна откако Зума минатиот четврток започна да издржува казна затвор од 15 месеци за непочитување на судот.

Имено, тој одби да ја почитува судската наредба да сведочи во истрагата за корупцијата што се случи за време на неговиот претседателски мандат од 2009 до 2018 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…