Home Актуелно Камчев префрлен на Клиниката за кардиологија – се жалел на болка во градите

Камчев префрлен на Клиниката за кардиологија – се жалел на болка во градите

Бизнисмен Орце Камчев, кој веќе трети месец е во притвор во Шутка денеска е префрлен на скопската Клиника за кардиологија.

Според нашите информации, Камчев пред неколку часа се пожалил на болки во градите при што итно е префрлен на клиниката.

Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и му го продолжи притворот на осомничениот бизнисмен, Јордан Камчев за нови 30 дена за случајот „Плацеви на Водно”, предмет за којшто беше поднесено обвинение.

Бизнисменот веќе три месеци е во притвор во затворот во Шутка. Претходно, нудеше и гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, но таа му беше одбиена бидејќи според Апелацискиот суд и натаму постои опасноста од бегство.

Камчев на 16 јули треба да седне на обвинителна клупа кога започнува судскиот процес против него.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…