Home Живот и здравје Филипче тврди дека до крајот на летото може да се очекува колективен имунитет кај нас

Филипче тврди дека до крајот на летото може да се очекува колективен имунитет кај нас

Министерот за здравство Венко Филипче со амбасадорот на Р.Кина во Македонија, денес најавија дека за време на претстојниот викенд во земјава ќе пристигнат нови 500.000 кинески дози од „Синовак“, како и значителна количина на Фајзер преку механизмот Ковакс, кои следниот понеделник ќе биде распределени во осум центри за вакцинација.

„Мислам дека до крајот на летото, голема бројка на граѓани ќе бидат вакцинирани. Во овој момент се вакцинирани нешто под 300.000 граѓани, со оваа следна количина што доаѓа уште 300.000 граѓани, тоа се 50% од вкупната популација која што планираме да се вакцинира, тука се исклучени децата. Што значи некаде 1.200.000 граѓани ќе бидат вакцинирани со што до крајот на летото може да очекуваме процент на колективен имунитет со оваа бројка“, истакна Филипче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Канабис: 3 неочекувани промени што ги носи како што стареете

За канабисот денес се зборува повеќе од кога било – од медицинска употреба до промен…