Home Шоубизнис Де Ниро и Федерер здружени за Швајцарија

Де Ниро и Федерер здружени за Швајцарија

Холивудскиот актер Роберт Де Ниро и швајцарската тениска sвезда Роџер Федерер се појавија заедно во туристичка реклама за Швајцарија, како дел од кампањата чија цел е да привлече што повеќе туристи за наредната сезона.

Федерер, кој е заштитно лице на кампањата, открил дека е голем фан на Де Ниро и не можел да верува во тоа кога се согласил на неговата покана да му се придружи во снимањето на рекламата.

Во рекламата, Де Ниро го повикува Федерер на неговиот мобилен телефон за да му каже дека не ја сака неговата идеја да снима филм во Швајцарија, бидејќи смета дека таа земја е премногу совршена за холивудски филм.

„Нема драма, луѓето се премногу љубезни“, вели Де Ниро, а Федерер го поканува заедно да скијаат на Алпите и да се спуштат со падобран.

Видеото завршува со покана за Швајцарија со слоганот „за одмор без драма“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…