Бизарната приказна на Драгица Панова: Два месеци не може на Фондот за ПИОМ да му докаже дека е жива

Два месеца штипјанката Драгица Панова не може да докаже дека е жива, пренесува ТВ Стар.

Два месеца, штипјанката Драгица Панова пред Фондот за ПИОМ не може да докаже дека е жива. Нејзината бизарна приказна, започнува со смртта на нејзиниот сопруг, на почетокот на годинава. По грешка и неа ја завеле како почината и оттогаш не зема пензија.