Индија од ден во ден руши сè постравични црни рекорди – луѓето умираат по улици во потрага по медицински кислород


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Индија беше забележана нова фрапантна црна бројка од 346.786 нови случаи на инфекција со коронавирус, што претставува нов светски рекорд трет ден по ред, додека болниците во земјата молат за кислород, соопшти министерството за здравство во саботата.

Индија е во екот на интензивен втор бран на пандемијата. На секои четири минути во Делхи, едно лице умира од ковид-19, додека недоволно финансираниот здравствен систем е во големи проблеми.

Владата распореди воени авиони и возови за да донесат кислород од други делови на земјата во Делхи. На локалната телевизија може да се видат камиони со кислород на пат кон болницата Батра во Делхи, откако е издадено барање за помош, бидејќи останале само 90 минути кислород за 260 пациенти.

„Ве молиме, помогнете ни да добиеме кислород, тука ќе има уште поголема трагедија“, апелираше главниот министер на Делхи, Арвинд Кејривал до премиерот Нарендра Моди на конференција во петокот.

Кризата се чувствува и во другите делови на земјата, а неколку болници издаваат јавни известувања дека немаат медицински кислород. Локалните медиуми јавија за неодамнешни смртни случаи во градовите Јаипур и Амритсар поради недостаток на кислород.

Индија во четвртокот го надмина рекордот на САД од 297.430 дневни инфекции со коронавирус и сега е глобален епицентар на пандемијата која во многу други земји се смирува. Самата индиска влада соопшти дека го победи коронавирусот во февруари кога новите случаи беа на најниско ниво од почетокот на пандемијата.

Меѓутоа, смртноста од ковид-19 во цела Индија се зголеми за 2.624 24 часа, што е највисока дневна стапка на смртност во земјата досега. Крематориумите во Делхи се исполнети, а ужалените семејства мораат да чекаат ред за своите покојни.

Од почетокот на пандемијата, земјата со околу 1,3 милијарди жители забележа 16,6 милиони случаи на инфекција со коронавирус, од кои 189.544 смртни случаи.