Home Шоубизнис Леброн му направи сефте на новиот електричен Хамер

Леброн му направи сефте на новиот електричен Хамер

Иако почесто може да биде виден како вози Порше, славниот НБА кошаркар Леброн Џејмс во иднина е „принуден“ да го вози и овој „ѕвер“.

Tокму така го нарече новиот Хамер откако го видел за прв пат. GMC сега објави видео од првата средба помеѓу Леброн и новата генерација на Хамери чиј амбасадор е тој. Откако го погледна од секој агол, му се даде можност да го вози. Бидејќи станува збор за копија од пред-производство, тој можел само да го извади возилото од гаража и да го вози низ дворот. Ќе треба да биде трпелив уште малку.

Без сомнение, бидејќи промоторот на GMC, Леброн ќе биде меѓу првите во Америка што ќе го вози Хамерот на јавни патишта. Тоа го вети со најава дека ќе го вози кога ќе се врати дома во Охајо, но и во Лос Анџелес.

Да потсетиме, верзијата Edition 1 на моделот е понудена по цена од 112.595 американски долари, но сите достапни копии се веќе резервирани. Ќе биде препознатлив по ексклузивната бела боја и дизајнот на ентериерот, Lunar Horizon. Со три електрични мотори, Хамер дефинитивно ја оправдува сликата на моќ. Се проценува дека испорачува над 1000 КС и 1085 Нм.За 3 секунди стигнува до 100 км на час и со домет од 560 км се дополнителни причини за популарноста на ова возило.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …