Еве кои професии во Велика Британија врткаат најмногу пијаници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тим на истражувачи од Универзитетот во Ливерпул направиле истражување кое открива кои видови работни места се поврзани со најчестата консумација на алкохолни пијалоци.

Студијата би можела да помогне во информирање на јавното здравство и да се спроведат програми за превенција и лекување на алкохол, велат истражувачите, а пренесува РТС.

Авторите анализирале податоци за 100.817 лица од Велика Британија на возраст од 40 до 69 години.

Квалификуваните работници во производствената и градежната индустрија имаат тенденција да консумираат повеќе алкохол.

Според студијата, сопствениците на барови имаат три пати поголема веројатност да бидат под силно влијание на алкохол отколку луѓето кои вршат друга работа.

Жените биле класифицирани како лица кои често пијат алкохол ако пијат повеќе од 35 единици во рок од една недела – што е приближно иста количина со три и пол шишиња вино или повеќе од 17 пива со слаба јачина неделно.

Мажите биле класифицираат како пијаници ако консумираат повеќе од 50 единици неделно – што е исто со пет шишиња вино или 25 пива со ниска јачина.

Врската помеѓу занимањата и пијанството се разликувала кај мажите и жените, покажува студијата објавена во „BMC Public Health“.

За мажите, работните места кои се најчесто поврзани со алкохолизам се трговските занимања, а кај жените раководните позиции.

Занимања со најниска стапка на на пијанство кај мажите биле свештенството, здравството и урбанизмот, а кај жените образованието, биолозите, биохемичарите и физиотерапевтите.