Home Актуелно На „Водњанска“ вчера прегазен лекар од хируршките клиники – возачот кој го прегазил избегал од местото

На „Водњанска“ вчера прегазен лекар од хируршките клиники – возачот кој го прегазил избегал од местото

Според неофицијалните информации кои ги пренесува „Фокус“, лекар од хируршките клиники синоќа бил прегазен на Водњанска. Тој во моментов е хоспитализиран со тешки повреди и е во кома.

Од „Фокус“ пренесуваат дека возачот кој го прегазил лекарот е 16-годишно момче, кое веднаш избегало од местото на настанот.

Од МВР потврдиле дека синоќа на истата улица е удрен пешак, кој е префрлен на лекување на скопските клиники.

„На 25.02.2021 во 20,30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.“Мајка Тереза“ и ул.“Елисие Поповски-Марко“ патничко моторно возило “БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16- годишник удрило во Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје – се наведува во одговорот од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…