Home Шоубизнис Збеснати од пари: Потрошил 400.000 евра а „не знае зошто го направил тоа“

Збеснати од пари: Потрошил 400.000 евра а „не знае зошто го направил тоа“

Тоа е, збеснати од пари и навикнати на расипништво. Најдобриот стрелец на англискиот премиер лигаш Манчестер Сити, Аргентинецот Серхио Агуеро не знае зошто си купил супер спортски автомобил Ламборџини од 400.000 евра.

Одличниот голгетер уште од 2014 година е сопственик на автомобил Ламборџини Авентадор. Аргентинскиот ас во интервју за „Канал Америка“ отрки колку често го вози скапиот Ламборџини.

„Поминав 1200 километри со него за седум години. Не знам зошто купив Ламборџини. Едвај го користев и размислував две години зошто воопшто го купив. Паркиран е надвор, не сум го измил многу долго време и само собира пајажина“, истакнал Агуеро во интервјуто.

Репрезентативецот на Аргентина во 2011 година за 40 милиони евра од Атлетико мадрид се пресели во редовите на Манчестер Сити.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …