Ивермектин од денес достапен во аптеките – лекарите реагираат дека нема зададени протоколи според кои треба да се препишува


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лекот Ивермектин од денес треба да е достапен во сите аптеките низ земјава. Ќе се издава од страна на матичните лекари или лекар специјалист во болнички услови. Ивермектинот се користи за лекување на заболени од Ковид-19, а малопродажната цена ќе изнесува 299 денари, пренесува ТВ21.

„Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на ивермектин кај пациенти со COVID-19 се во тек или нивните крајни резултати се уште не се публикувани во научни списанија, но прелиминарните резултати сугерираат дека ивермектин има поволен ефект во профилакса на COVID-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика“, истакна Венко Филипче.

Од Здружението на матични лекари реагираат дека немаат официјални протоколи како и во кои случаи треба да се издаде лекот.

„Очекуваме Министерството за здравство под итно да ни парти протоколи за три моменти за лекување со кој што секој матичен лекар се соочува во своето работење: Потребен ни е протокол што и колку и во кои дози да се дава кај пациенти кои што се со хронични заболувања а се здрави кој што сакаат превентивно да го пијат. Вториот момент е што кај новите пациенти на почеток е настинката и немаат тешки клинички слики и тертата ситуација која ни е важна и потребна се пациенти кои што се со тешки клинички слики“, вели Лилија Чолакова.

Според искуствата од земјите кои веќе го користеле овој лек, како што се Автралија и Кнада, таму се дава 0,2 милиграми по килограм на телесна тежина, а според тежината се дозира и бројот на таблети. Ивермектинот делува уништувачки со многу јака моќ кон овој вирус.