Home Актуелно Доктор Беќаровски за причесната со исто лажиче: „Кога на 19. јануари ќе ви требаат белите мантили, наместо црните наметки, ние ќе се бањаме“

Доктор Беќаровски за причесната со исто лажиче: „Кога на 19. јануари ќе ви требаат белите мантили, наместо црните наметки, ние ќе се бањаме“

Со јавна реакција и критика на причестувањето на верниците со исто лажиче за Божиќ се огласи д-р Нико Беќаровски, потенцирајќи дека тој чин носи потенцијален ризик за ширење на корона вирусот.

– Сите вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте.
Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите, напиша докторот на Фејсбук.

Тој иронично додаде дека во ваков случај подобро е да се отворат кафеаните, бидејќи таму барем даваат едно лажиче за еден гостин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…