Home Актуелно Наставник од тиквешијата позитивен на КОВИД-19 – 38 ученици ставени во изолација

Наставник од тиквешијата позитивен на КОВИД-19 – 38 ученици ставени во изолација

Здравствен работник и наставник во подрачно училиште во Кавадарци се меѓу новозаболените од КОВИД-19 во Македонија. Во изолација се 38 ученици. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

– Нови 40 случаи позитивни на Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата. Од нив, 26 од Кавадарци, по шест во Росоман и во Неготино, два случаја во Демир Капија. Најмладиот има 14 години, а најстариот е на 81-годишна возраст, појасни Јовановски.

Со коронавирус починал 67-годишен неготинец, додаде Јовановски. Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел да се изолираат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…